капне
Значење на капне:
1. Падне во вид на капка (за вода, солза и сл.); капе2 Му се стори како да капна солза од неговите очи. На стаклата од прозорецот капнаа неколку капки.
2. (разг.) За дожд – заврне малку. Вчера капна малку дожд. Ова лето не капна дожд.
3. (прен.) За пари, добивка – пристига по малку, но постојано. Одвреме навреме ќе капне по некоја пара.
4. Се премори, ослабне физички. Мускулите му капнаа, во нив снага веќе не остана. Капнаа од чекање. Во долгите ноќи иако капната не спиеше.
Коњугација: капнаа , капнав , капнал , капнат , капнат , капнете , капни , (ќе) капнеа , (ќе) капнев , (ќе) капнел.
Изведени зборови:
- капнува, глаг. несв. капнуваат
- капнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ако не врне, ќе капне – ако нема многу пари, ќе има барем по нешто. Капни – замрзни – за многу студено време. Да ти капне раката! – (клетва) да ти отпадне раката.
Оригинални податоци:
капне, капнат; капни, капнете; капнав, капнаа; капнал; капнат; (ќе) капнев, (ќе) капнеа; (ќе) капнел св. 1. Падне во вид на капка (за вода, солза и сл.); сп. капе2 1. Му се стори како да капна солза од неговите очи. На стаклата од прозорецот капнаа неколку капки. 2. (разг.) За дожд – заврне малку. Вчера капна малку дожд. Ова лето не капна дожд. 3. (прен.) За пари, добивка – пристига по малку, но постојано. Одвреме навреме ќе капне по некоја пара. 4. Се премори, ослабне физички. Мускулите му капнаа, во нив снага веќе не остана. Капнаа од чекање. Во долгите ноќи иако капната не спиеше. ◊ Ако не врне, ќе капне – ако нема многу пари, ќе има барем по нешто. Капни – замрзни – за многу студено време. Да ти капне раката! – (клетва) да ти отпадне раката. ‖ капнува, капнуваат несв. ‖ глаг. им. капнување ср.