карактер
Значење на карактер:
1. Збир на суштествени, изразени и постојани морално-психички и интелектуални особини на поединец или на заедница, што се пројавуваат, се манифестираат преку погледите и постапките спрема околината; природа, нарав. Тие се сакаа еден со друг, и покрај разликите во карактерот и вкусовите. Татко ѝ бил со благ карактер, со многу нежна духовна и физичка конструкција. Цртите на неговото лице издаваа упорит карактер, непопустливост и бистрина.
2. Лице со силен морал, со цврсто и доследно однесување, чесен човек; човек како носител на одредени морални квалитети. Тој е многу голем талент, но чуден карактер. Тој е подобар човек од мене, поцврст карактер.
3. Јасно изразено, суштинско својство, обележје на некој предмет или појава; природа, суштина. Постојано треба да се подвлекува суштината на општествениот карактер на културата. До половината на 19 век книжевната дејност кај нас носи исклучиво црковен карактер.
4. Истакната личност во драма, со силно изразени психички состојби, психолошки развиен драмски лик. Среќен е писателот што – откако минал крај карактери додевни, омразени – се приближува до карактери што покажуваат високо човечко достоинство. Многу, многу полесно е да насликаш карактери од голем размер.
Множина: карактери.
Оригинални податоци:
карактер, мн. карактери м. 1. Збир на суштествени, изразени и постојани морално-психички и интелектуални особини на поединец или на заедница, што се пројавуваат, се манифестираат преку погледите и постапките спрема околината; природа, нарав. Тие се сакаа еден со друг, и покрај разликите во карактерот и вкусовите. Татко ѝ бил со благ карактер, со многу нежна духовна и физичка конструкција. Цртите на неговото лице издаваа упорит карактер, непопустливост и бистрина. 2. Лице со силен морал, со цврсто и доследно однесување, чесен човек; човек како носител на одредени морални квалитети. Тој е многу голем талент, но чуден карактер. Тој е подобар човек од мене, поцврст карактер. 3. Јасно изразено, суштинско својство, обележје на некој предмет или појава; природа, суштина. Постојано треба да се подвлекува суштината на општествениот карактер на културата. До половината на 19 век книжевната дејност кај нас носи исклучиво црковен карактер. 4. Истакната личност во драма, со силно изразени психички состојби, психолошки развиен драмски лик. Среќен е писателот што – откако минал крај карактери додевни, омразени – се приближува до карактери што покажуваат високо човечко достоинство. Многу, многу полесно е да насликаш карактери од голем размер.