карактеристичен

Придавка

Значење на карактеристичен:

Што ја изразува суштината, основната црта на некого или на нешто, што претставува нечија карактеристика; својствен, типичен. Ме погледна со оној свој, карактеристичен, продорен поглед. Народот е полн со духовни богатства, интересни карактеристични својства и чудни обичаи.

Членувана форма: карактеристичниот.

Изведени зборови:

  • карактеристично, прил. Карактеристично се насмевна.
  • карактеристичност, и. ж.

Оригинални податоци:

карактеристичен, карактеристичниот прид. Што ја изразува суштината, основната црта на некого или на нешто, што претставува нечија карактеристика; својствен, типичен. Ме погледна со оној свој, карактеристичен, продорен поглед. Народот е полн со духовни богатства, интересни карактеристични својства и чудни обичаи. ‖ карактеристично прил. Карактеристично се насмевна. ‖ карактеристичност ж.