карактеристика

Именка, женски род

Значење на карактеристика:

1. а) Суштествено својство, главна, суштинска црта, особина на некое лице, предмет, појава и сл. Третосложниот акцентен систем е една од битните карактеристики на нашиот литературен јазик. б) Опис на важните, основни својства на некого или на нешто; оцена, суд за некого или за нешто. Од тоа дело ќе извлечеме на ова место и сосема кратка карактеристика за неговиот јазик.

2. Документ или нечија изјава за интелектуални, работни, стручни и морални квалитети, општествено-политичка ангажираност и сл. на некое лице (ученик, работник и сл.). Можам да пратам за тебе таква карактеристика, што ниту едно градежно претпријатие да не те земе ни за палир. Во запечатените пликови им ги внесуваа најпотребните податоци од биографиите, карактеристиките од партиската и младинската организација.

Множина: карактеристики.

Оригинални податоци:

карактеристика, мн. карактеристики ж. 1. а) Суштествено својство, главна, суштинска црта, особина на некое лице, предмет, појава и сл. Третосложниот акцентен систем е една од битните карактеристики на нашиот литературен јазик. б) Опис на важните, основни својства на некого или на нешто; оцена, суд за некого или за нешто. Од тоа дело ќе извлечеме на ова место и сосема кратка карактеристика за неговиот јазик. 2. Документ или нечија изјава за интелектуални, работни, стручни и морални квалитети, општествено-политичка ангажираност и сл. на некое лице (ученик, работник и сл.). Можам да пратам за тебе таква карактеристика, што ниту едно градежно претпријатие да не те земе ни за палир. Во запечатените пликови им ги внесуваа најпотребните податоци од биографиите, карактеристиките од партиската и младинската организација.