кариера

Именка, женски род

Значење на кариера:

1. Избрана професија, служба, занимање; време поминато во некое занимање. Научна кариера. Уметничка кариера.

2. Напредување, успех во професијата; нагло напредување, издигнување во службата. За неколку години му порасна кариерата.

Множина: кариери.

Фразеолошки израз / поговорка:

Прави кариера – нагло напредува во професијата.

Оригинални податоци:

кариера, мн. кариери ж. 1. Избрана професија, служба, занимање; време поминато во некое занимање. Научна кариера. Уметничка кариера. 2. Напредување, успех во професијата; нагло напредување, издигнување во службата. За неколку години му порасна кариерата. ◊ Прави кариера – нагло напредува во професијата.