кармин
Значење на кармин:
1. Интензивна, светлоцрвена боја. Купи три фустани, бел, зелен и кармин.
2. а) Козметичко средство со црвена боја за мачкање на усните. Си стави кармин на усните и го побара својот лик во огледалото. б) Козметичко средство за мачкање на усните воопшто. Купи крем за лице и кармин.
Множина: кармини.
Изведени зборови:
- карминче, и. ср. дем. и хип. Ќе се намачкаш кремче, ќе си ставиш карминче на усните.
Оригинални податоци:
кармин, мн. кармини м. 1. Интензивна, светлоцрвена боја. Купи три фустани, бел, зелен и кармин. 2. а) Козметичко средство со црвена боја за мачкање на усните. Си стави кармин на усните и го побара својот лик во огледалото. б) Козметичко средство за мачкање на усните воопшто. Купи крем за лице и кармин. ‖ карминче, мн. карминчиња ср. дем. и хип. Ќе се намачкаш кремче, ќе си ставиш карминче на усните.