карта 1

Именка, женски род

Значење на карта:

1. а) Цртеж на Земјината површина, на одделни нејзини делови или на други небески тела; мапа. Карта на светот. Географска карта. Астрономска карта. б) Цртеж со специфични податоци што служат за определени научни истражувања, за определени потреби. Ботаничка карта. Политичка карта. Железничка карта.

2. Мало парче хартија, пластика, картон и сл., во правоаголна форма, што служи како билет за превоз со превозно средство, како влезница, пропусница и сл. Автобуска карта. Повратна карта. Купи карти за во кино.

3. Примерок од комплет картончиња, ливчиња што меѓу себе се разликуваат по боја, број или цртеж и служат за различни игри. На секоја карта добиваше. Отсутно му ја подаде картата.

Множина: карти.

Изведени зборови:

  • картачки, прид. картачкиот Што се однесува на карта 3. Картачка дружина.

Фразеолошки израз / поговорка:

Лична карта – документ за идентификација на едно лице, легитимација. Членска карта – документ со кој се потврдува членството во некоја организација и сл. Визит-карта – карта за претставување во определени средини, што го содржи името, адресата, телефонот, професијата, должноста и др. на сопственикот. Дописна карта – карта што служи за допишување; в. картичка. Гледа на карти – прорекува, претскажува судбина со помош на карти. Последна карта – последен аргумент, доказ; последен обид, последно средство. Кула од карти – несигурна работа, без реална основа. Игра со отворени карти – јавно, отворено ги кажува своите намери; отворено пристапува кон некаква работа, разговор и сл. Му (ти, ми...) оди на карти – има среќа во игра на карти.

Оригинални податоци:

карта1, мн. карти ж. 1. а) Цртеж на Земјината површина, на одделни нејзини делови или на други небески тела; мапа. Карта на светот. Географска карта. Астрономска карта. б) Цртеж со специфични податоци што служат за определени научни истражувања, за определени потреби. Ботаничка карта. Политичка карта. Железничка карта. 2. Мало парче хартија, пластика, картон и сл., во правоаголна форма, што служи како билет за превоз со превозно средство, како влезница, пропусница и сл. Автобуска карта. Повратна карта. Купи карти за во кино. 3. Примерок од комплет картончиња, ливчиња што меѓу себе се разликуваат по боја, број или цртеж и служат за различни игри. На секоја карта добиваше. Отсутно му ја подаде картата. ◊ Лична карта – документ за идентификација на едно лице, легитимација. Членска карта – документ со кој се потврдува членството во некоја организација и сл. Визит-карта – карта за претставување во определени средини, што го содржи името, адресата, телефонот, професијата, должноста и др. на сопственикот. Дописна карта – карта што служи за допишување; в. картичка. Гледа на карти – прорекува, претскажува судбина со помош на карти. Последна карта – последен аргумент, доказ; последен обид, последно средство. Кула од карти – несигурна работа, без реална основа. Игра со отворени карти – јавно, отворено ги кажува своите намери; отворено пристапува кон некаква работа, разговор и сл. Му (ти, ми...) оди на карти – има среќа во игра на карти. ‖ картачки, картачкиот прид. Што се однесува на карта 3. Картачка дружина.