картон

Именка, машки род

Значење на картон:

1. Дебела, цврста и крута хартија добиена со посебна обработка. Прозорците беа затворени со картони. Ракописот го чуваше во корици од картон.

2. Формулар, изработен од поцврста хартија, што содржи одредени податоци. Здравствен картон. Во картотеката беа прегледани сите картони.

Множина: картони.

Изведени зборови:

  • картонски, прид. картонскиот Картонска амбалажа. Картонска корица.
  • картонче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

картон, мн. картони м. 1. Дебела, цврста и крута хартија добиена со посебна обработка. Прозорците беа затворени со картони. Ракописот го чуваше во корици од картон. 2. Формулар, изработен од поцврста хартија, што содржи одредени податоци. Здравствен картон. Во картотеката беа прегледани сите картони. ‖ картонче, мн. картончиња ср. дем. ‖ картонски, картонскиот прид. Картонска амбалажа. Картонска корица.