карван

Именка, машки род

Значење на карван:

1. Колона од животни (коњи, камили и сл.) за превоз на стока и луѓе. Тука сретнаа карван од десетина маски и коњи.

2. Мноштво од нешто што се движи, што оди од едно место до друго. Хуманитарен карван. Музички карван. Предизборен карван.

Множина: карвани.

Изведени зборови:

  • карвански, прид. карванскиот

Фразеолошки израз / поговорка:

Пците лаат, карванот си мине – (посл.) се вели кога и покрај укажувањата, работите се одвиваат без да се земат предвид критиките.

Оригинални податоци:

карван, мн. карвани м. 1. Колона од животни (коњи, камили и сл.) за превоз на стока и луѓе. Тука сретнаа карван од десетина маски и коњи. 2. Мноштво од нешто што се движи, што оди од едно место до друго. Хуманитарен карван. Музички карван. Предизборен карван. ◊ Пците лаат, карванот си мине – (посл.) се вели кога и покрај укажувањата, работите се одвиваат без да се земат предвид критиките. ‖ карвански, карванскиот прид.