каса

Глагол, несвршен

Значење на каса:

1. Гризе со заби, боцка со осило, оставајќи трага, рана. Исплашена ги праша дали кучето каса. Се бранеше од инсектите што летаа и касаа. Таа ги касаше своите усни.

2. (прен.) Зајадува, навредува, боцка некого со зборови. Варди се од тој човек, сум чул дека каса.

3. (прен.) За студ – нанесува остра дразба, штипе. Ноќта е топла, само ветерот каса. Студот почна да каса.

Коњугација: касаат.

Изведени зборови:

  • касање, глаг. им. ср.
  • се ~ каса, Се гризат еден со друг. Пците разбеснето се касаа, се давеа.

Оригинални податоци:

каса, касаат несв. 1. Гризе со заби, боцка со осило, оставајќи трага, рана. Исплашена ги праша дали кучето каса. Се бранеше од инсектите што летаа и касаа. Таа ги касаше своите усни. 2. (прен.) Зајадува, навредува, боцка некого со зборови. Варди се од тој човек, сум чул дека каса. 3. (прен.) За студ – нанесува остра дразба, штипе. Ноќта е топла, само ветерот каса. Студот почна да каса. ● се ~ Се гризат еден со друг. Пците разбеснето се касаа, се давеа. ‖ глаг. им. касање ср.