каса

Именка, женски род

Значење на каса:

1. а) Кутија или шкаф, обично од метал за чување на пари и други скапоцености. Ја отвори железната каса во која чуваше злато, меници, накит и други скапоцености. б) Направа во којашто се регистрира наплатата од одделни продукти, се пресметува вкупниот износ и се издава белешка. Фискална каса.

2. а) Просторија во претпријатие, установа и сл. каде што се врши уплата и исплата на парични средства; благајна, сметководство. Појди на каса, налогот е веќе таму. б) Просторија со отвор, прозорче, каде што се продаваат билети, влезници и сл.; шалтер. Билетите се продаваат на касата од театарот.

3. Готовина, финансии воопшто. Царска каса. Државна каса.

Множина: каси.

Изведени зборови:

  • касичка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

каса, мн. каси ж. 1. а) Кутија или шкаф, обично од метал за чување на пари и други скапоцености. Ја отвори железната каса во која чуваше злато, меници, накит и други скапоцености. б) Направа во којашто се регистрира наплатата од одделни продукти, се пресметува вкупниот износ и се издава белешка. Фискална каса. 2. а) Просторија во претпријатие, установа и сл. каде што се врши уплата и исплата на парични средства; благајна, сметководство. Појди на каса, налогот е веќе таму. б) Просторија со отвор, прозорче, каде што се продаваат билети, влезници и сл.; шалтер. Билетите се продаваат на касата од театарот. 3. Готовина, финансии воопшто. Царска каса. Државна каса. ‖ касичка, мн. касички ж. дем.