касап

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Значење на касап:

1. Тој што се занимава со колење на добиток и со подготовка на месо.

2. Тој што продава месо; месар.

Множина: касапи.

Изведени зборови:

  • касапски, прид. касапскиот Касапски занает. Касапски нож.

Фразеолошки израз / поговорка:

Касапско куче – тој што живее добро, без многу труд и мака. Куче касапско не станува овчарско – тој што добива сè на готово, никогаш нема да научи да работи, да живее од својот труд.

Оригинални податоци:

касап, мн. касапи м. (разг.) 1. Тој што се занимава со колење на добиток и со подготовка на месо. 2. Тој што продава месо; месар. ‖ касапски, касапскиот прид. Касапски занает. Касапски нож. ◊ Касапско куче – тој што живее добро, без многу труд и мака. Куче касапско не станува овчарско – тој што добива сè на готово, никогаш нема да научи да работи, да живее од својот труд.