каша

Именка, женски род

Значење на каша:

1. а) Јадење придготвено од сварено брашно со вода или млеко. Каша од пченкарно брашно. Овесна каша. Јадеа пиле со каша. б) Густа смеса добиена од сомелено овошје, зеленчук.

2. (прен.) Маса добиена со мешање на прав или парчиња од некоја супстанција со течност. Цел ден играа на снегот и снегот се престори во каша.

3. (прен.) Мешаница, бркотница, хаос. И тука работите станаа каша. Каша ми стана во главата.

Множина: каши.

Изведени зборови:

  • кашица, и. ж. мн. кашици ; кашичка, мн. кашички дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Замати, свари каша – предизвика недоразбирање, создаде замрсена ситуација. Се врти како мачка околу врела каша – претпазливо, несигурно приоѓа кон нешто, кон нешто што го посакува.

Оригинални податоци:

каша, мн. каши ж. 1. а) Јадење придготвено од сварено брашно со вода или млеко. Каша од пченкарно брашно. Овесна каша. Јадеа пиле со каша. б) Густа смеса добиена од сомелено овошје, зеленчук. 2. (прен.) Маса добиена со мешање на прав или парчиња од некоја супстанција со течност. Цел ден играа на снегот и снегот се престори во каша. 3. (прен.) Мешаница, бркотница, хаос. И тука работите станаа каша. Каша ми стана во главата. ‖ кашица, мн. кашици ж.; кашичка, мн. кашички ж. дем. и хип. ◊ Замати, свари каша – предизвика недоразбирање, создаде замрсена ситуација. Се врти како мачка околу врела каша – претпазливо, несигурно приоѓа кон нешто, кон нешто што го посакува.