кашка
Значење на кашка:
Валка (обично со кал). Секогаш ги кашкаше панталоните кога врне дожд.Коњугација: кашкаат.
Изведени зборови:
- кашкање, глаг. им. ср.
- се ~ кашка, 1. Се валка. 2. Се шлапка во кал, се брчка во вода. Пред влезот имаше куп деца што се кашкаа во вирот.
Оригинални податоци:
кашка, кашкаат несв. Валка (обично со кал). Секогаш ги кашкаше панталоните кога врне дожд. ● се ~ 1. Се валка. 2. Се шлапка во кал, се брчка во вода. Пред влезот имаше куп деца што се кашкаа во вирот. ‖ глаг. им. кашкање ср.