касиер

Именка, машки род

Значење на касиер:

1. Тој што работи на каса во продавница или што води евиденција за издадена храна и пијалак во кафеана. На долгиот шанк седеше касиерот и мрзоволно гледаше во него.

2. (арх.) Благајник.

Множина: касиери.

Изведени зборови:

  • касиерка, и. ж.

Оригинални податоци:

касиер, мн. касиери м. 1. Тој што работи на каса во продавница или што води евиденција за издадена храна и пијалак во кафеана. На долгиот шанк седеше касиерот и мрзоволно гледаше во него. 2. (арх.) Благајник. ‖ касиерка, мн. касиерки ж.