касне
Значење на касне:
1. Гризне со заби, боцне со осило, оставајќи трага, рана. По едно време некој се расплака велејќи дека го каснала пчела. Тој незабележано го касна мустакот. Козарот го каснала змија во планината. Касни го јаболкото, а устата веќе ти се збрала.
2. Земе, изеде малку храна. Сега тие се гладни, зашто денеска уште немаат каснато ништо. Цел ден не каснал ни залак.
3. (прен.) Зајаде, навреди, боцне некого со зборови. Неговите зборови го каснаа и го заболеа.
Коњугација: каснаа , каснав , каснал , каснат , каснат , каснете , касни , (ќе) каснеа , (ќе) каснев , (ќе) каснел.
Изведени зборови:
- каснување, глаг. им. ср.
- се ~ касне, Се гризне со заби.
- (се) каснува, глаг. повт. (се) каснуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Змија ме касна – 1. ме погоди многу со збор, со постапка. 2. претчувствува нешто лошо. Кој е каснат од змија се плаши и од гуштерица. (посл.)
Оригинални податоци:
касне, каснат; касни, каснете; каснав, каснаа; каснал; каснат; (ќе) каснев, (ќе) каснеа; (ќе) каснел св. 1. Гризне со заби, боцне со осило, оставајќи трага, рана. По едно време некој се расплака велејќи дека го каснала пчела. Тој незабележано го касна мустакот. Козарот го каснала змија во планината. Касни го јаболкото, а устата веќе ти се збрала. 2. Земе, изеде малку храна. Сега тие се гладни, зашто денеска уште немаат каснато ништо. Цел ден не каснал ни залак. 3. (прен.) Зајаде, навреди, боцне некого со зборови. Неговите зборови го каснаа и го заболеа. ● се ~ Се гризне со заби. ◊ Змија ме касна – 1. ме погоди многу со збор, со постапка. 2. претчувствува нешто лошо. Кој е каснат од змија се плаши и од гуштерица. (посл.) ‖ (се) каснува, (се) каснуваат повт. ‖ глаг. им. каснување ср.