кат 1

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на кат:

1. Место каде што се составуваат два ѕида во некаква просторија; агол 2. Тој се сврте и дури сега забележа оти во најтемниот кат седеше една баба. Во еден мрачен кат светеше сјаен автопортрет.

2. Место покрај огниште во селска куќа. Го симна котлето и седна до катот на огништето.

Изведени зборови:

  • катче, и. ср. 1. Дем и хип. од кат1. Така ќе имаш топло катче каде секогаш ќе бидеш добредојден. 2. Изделен дел од поголем простор во кој се одвиваат различни активности. Детско катче. Работно катче. Музичко катче. 3. Рубрика во дневен весник или периодично списание за одредена тема. Јазично катче.

Оригинални податоци:

кат1 (само едн.) м. 1. Место каде што се составуваат два ѕида во некаква просторија; сп. агол 2. Тој се сврте и дури сега забележа оти во најтемниот кат седеше една баба. Во еден мрачен кат светеше сјаен автопортрет. 2. Место покрај огниште во селска куќа. Го симна котлето и седна до катот на огништето. ‖ катче, мн. катчиња ср. 1. Дем и хип. од кат1. Така ќе имаш топло катче каде секогаш ќе бидеш добредојден. 2. Изделен дел од поголем простор во кој се одвиваат различни активности. Детско катче. Работно катче. Музичко катче. 3. Рубрика во дневен весник или периодично списание за одредена тема. Јазично катче.