кат 2

Именка, машки род

Значење на кат:

1. Дел од куќата меѓу два тавана; етаж во зграда. Пајтонот пристигна пред една жолта зграда на два ката. Горниот кат од дуќанот беше полн со поситна стока.

2. Слој, ред. Носеше шајачен елек чии рабови се опшиени во три ката со гајтан.

3. Пар облека. Еден кат алишта.

4. (дијал.) Како степен: пат, пати. Сто катови полошо.

Множина: ката, катови.

Оригинални податоци:

кат2, мн. катови, избр. мн. ката м. 1. Дел од куќата меѓу два тавана; етаж во зграда. Пајтонот пристигна пред една жолта зграда на два ката. Горниот кат од дуќанот беше полн со поситна стока. 2. Слој, ред. Носеше шајачен елек чии рабови се опшиени во три ката со гајтан. 3. Пар облека. Еден кат алишта. 4. (дијал.) Како степен: пат, пати. Сто катови полошо.