катакомба

Именка, женски род

Обично во множина.

Значење на катакомба:

1. Подземни ходници и простории во кои првите христијани ги погребувале мртвите и се собирале за молитва.

2. Кај старите Египќани – место под земјата каде што се чуваат мумиите.

3. (прен.) Мрачно место. Ги чистевме мрачните подруми, тие мемливи катакомби, по наредба на управникот.

Множина: катакомби.

Оригинални податоци:

катакомба (обично во мн.) катакомби ж. 1. Подземни ходници и простории во кои првите христијани ги погребувале мртвите и се собирале за молитва. 2. Кај старите Египќани – место под земјата каде што се чуваат мумиите. 3. (прен.) Мрачно место. Ги чистевме мрачните подруми, тие мемливи катакомби, по наредба на управникот.