катанец
Значење на катанец:
Вид брава, подвижна метална направа за заклучување врата. На железните алки од вратата висеше 'рѓосан катанец.Множина: катанци.
Изведени зборови:
- катанче, и. ср. дем.
- катанчиште, и. ср. аугм.
Фразеолошки израз / поговорка:
Има катанец на уста – не сака или не смее да зборува; постојано молчи.
Оригинални податоци:
катанец, мн. катанци м. Вид брава, подвижна метална направа за заклучување врата. На железните алки од вратата висеше 'рѓосан катанец. ◊ Има катанец на уста – не сака или не смее да зборува; постојано молчи. ‖ катанче, мн. катанчиња ср. дем. ‖ катанчиште, мн. катанчишта ср. аугм.