катедра
Значење на катедра:
1. Маса за предавач, наставник во училница, сала за предавања, обично поставена на повисоко место. Класниот старешина се упати кон катедрата, го одложи дневникот и седна.
2. а) Наставен предмет или група од сродни наставни предмети во високите и вишите школи; соодветен отсек, група во такви школи. Катедра за славистика. Катедра за македонски јазик. б) Сите предавачи од една или неколку сродни дисциплини.
Множина: катедри.
Оригинални податоци:
катедра, мн. катедри ж. 1. Маса за предавач, наставник во училница, сала за предавања, обично поставена на повисоко место. Класниот старешина се упати кон катедрата, го одложи дневникот и седна. 2. а) Наставен предмет или група од сродни наставни предмети во високите и вишите школи; соодветен отсек, група во такви школи. Катедра за славистика. Катедра за македонски јазик. б) Сите предавачи од една или неколку сродни дисциплини.