категорија

Именка, женски род

Значење на категорија:

1. Поим, во кој се одразуваат најопштите и најсуштествените својства и односи меѓу предметите и појавите во реалниот свет. Културата е категорија поширока и од самото општество. Тогаш видов колку е времето релативна категорија. Етички категории.

2. Група еднородни или слични предмети, појави, лица и сл., тип, род, вид; степен, ранг. Секоја сорта или категорија гости си има и свој начин за веселба. Луксузен угостителски објект од А-категорија.

3. (спорт.) Во боксот – категоризација според телесната тежина на боксерот. Мува категорија. Лесна категорија.

Множина: категории.

Оригинални податоци:

категорија, мн. категории ж. 1. Поим, во кој се одразуваат најопштите и најсуштествените својства и односи меѓу предметите и појавите во реалниот свет. Културата е категорија поширока и од самото општество. Тогаш видов колку е времето релативна категорија. Етички категории. 2. Група еднородни или слични предмети, појави, лица и сл., тип, род, вид; степен, ранг. Секоја сорта или категорија гости си има и свој начин за веселба. Луксузен угостителски објект од А-категорија. 3. (спорт.) Во боксот – категоризација според телесната тежина на боксерот. Мува категорија. Лесна категорија.