кавалер

Именка, машки род

Значење на кавалер:

1. Маж што кон жените се однесува воспитано, услужно; придружник на дама при средби со танцување. За игра ја покани најдобриот кавалер.

2. (прен.) Тој што ги чести сите, што ги плаќа сите сметки; дарежлив, великодушен човек. Тој едноставно не можеше да биде кавалер за една толкава сметка. Со туѓи пари кавалер ќе се правиш.

Множина: кавалери.

Изведени зборови:

  • кавалерски, прид. кавалерскиот

Оригинални податоци:

кавалер, мн. кавалери м. 1. Маж што кон жените се однесува воспитано, услужно; придружник на дама при средби со танцување. За игра ја покани најдобриот кавалер. 2. (прен.) Тој што ги чести сите, што ги плаќа сите сметки; дарежлив, великодушен човек. Тој едноставно не можеше да биде кавалер за една толкава сметка. Со туѓи пари кавалер ќе се правиш. ‖ кавалерски, кавалерскиот прид.