каже

Глагол, свршен

Значење на каже:

1. Соопшти, даде на знаење. Морам да ти кажам, знам оти сте најдобри другари. Никој не знаеше да ни каже од каде е. Дали е тоа сè што имаш да ми кажеш? Јас јавно ќе го кажам своето мислење.

2. Извести некого за нешто. Кажи му на татко ти оти нè најде и ни кажа. Се јави и им кажа дека нема да дојде.

3. Раскаже. Кажи ми една приказна. Тој ѝ кажуваше за својата младост. Кажи за војните што минале низ градов.

4. Објасни, даде претстава за нешто. Туку кажи ми ти мене и протолкувај ми, ако можеш, што се прави тоа со мостот. Дај синко да ви кажам, кое зошто е.

5. Овозможи или помогне некому нешто да види, означувајќи го правецот во кој нешто се наоѓа; покаже. Го отворив кутивчето и му го кажав ѓерданчето. Немаше кој да ни го каже патот. Таа му ја кажа куќата високо на ридот.

6. Поткаже, оддаде, предаде. Секој ден тепаше барем по еден-двајца селани да ги кажат комитите. Селото реши да не го предава, та кој знае дали ќе ви го кажат.

7. Изрази мисла, суд, оценка и сл. (во книжевно дело, расправа и сл.); напише, тврди. Нешто поодредено за сите тие работи не сме во можност да кажеме. Нема да претераме ако кажеме дека Цепенков најмногу го предизвикал интересот на литературните историчари.

8. (прен.) Соопшти, изрази со друго средство наместо со зборови. Првите пушки кажаа дека станува нешто големо.

Коњугација: кажаа , кажав , кажал , кажан , кажат , кажете , кажи , (ќе) кажеа , (ќе) кажев , (ќе) кажел.

Изведени зборови:

  • кажување, глаг. им. ср. кажување, PLUR_кажувања По кажувањата на старите, тука имало манастир.
  • се ~ каже, 1. Се појави, се покаже. Тоа ѝ се кажало на соне. 2. (разг.) Се јави. За неколку дена ќе ти се кажам кај сум. 3. (разг.) Се претстави, се прикаже. Луѓето се кажаа на разни имиња. Тој им се кажа кој е. Туѓинецот се кажа дека е професор.
  • (се) кажува, глаг. несв. (се) кажуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Подобро кажано – поточно, поверно кажано. Кажи ми да ти кажам – (разг.) ни јас самиот не знам ништо за тоа, знам колку и ти (вие). Кажи-речи – горе-долу, отприлика. Меѓу нас кажано – кажано во четири очи. Право да ти кажам – навистина. Сакам кажам, не знам речам – се кажува за некој што зборува за нешто што не го разбира. Ќе му кажам јас – во закани: ќе му покажам јас нему, ќе види тој, ќе ме запамети.

Оригинални податоци:

каже, кажат; кажи, кажете; кажав, кажаа; кажал; кажан; (ќе) кажев, (ќе) кажеа; (ќе) кажел св. 1. Соопшти, даде на знаење. Морам да ти кажам, знам оти сте најдобри другари. Никој не знаеше да ни каже од каде е. Дали е тоа сè што имаш да ми кажеш? Јас јавно ќе го кажам своето мислење. 2. Извести некого за нешто. Кажи му на татко ти оти нè најде и ни кажа. Се јави и им кажа дека нема да дојде. 3. Раскаже. Кажи ми една приказна. Тој ѝ кажуваше за својата младост. Кажи за војните што минале низ градов. 4. Објасни, даде претстава за нешто. Туку кажи ми ти мене и протолкувај ми, ако можеш, што се прави тоа со мостот. Дај синко да ви кажам, кое зошто е. 5. Овозможи или помогне некому нешто да види, означувајќи го правецот во кој нешто се наоѓа; покаже. Го отворив кутивчето и му го кажав ѓерданчето. Немаше кој да ни го каже патот. Таа му ја кажа куќата високо на ридот. 6. Поткаже, оддаде, предаде. Секој ден тепаше барем по еден-двајца селани да ги кажат комитите. Селото реши да не го предава, та кој знае дали ќе ви го кажат. 7. Изрази мисла, суд, оценка и сл. (во книжевно дело, расправа и сл.); напише, тврди. Нешто поодредено за сите тие работи не сме во можност да кажеме. Нема да претераме ако кажеме дека Цепенков најмногу го предизвикал интересот на литературните историчари. 8. (прен.) Соопшти, изрази со друго средство наместо со зборови. Првите пушки кажаа дека станува нешто големо. ● се ~ 1. Се појави, се покаже. Тоа ѝ се кажало на соне. 2. (разг.) Се јави. За неколку дена ќе ти се кажам кај сум. 3. (разг.) Се претстави, се прикаже. Луѓето се кажаа на разни имиња. Тој им се кажа кој е. Туѓинецот се кажа дека е професор. ◊ Подобро кажано – поточно, поверно кажано. Кажи ми да ти кажам – (разг.) ни јас самиот не знам ништо за тоа, знам колку и ти (вие). Кажи-речи – горе-долу, отприлика. Меѓу нас кажано – кажано во четири очи. Право да ти кажам – навистина. Сакам кажам, не знам речам – се кажува за некој што зборува за нешто што не го разбира. Ќе му кажам јас – во закани: ќе му покажам јас нему, ќе види тој, ќе ме запамети. ‖ (се) кажува, (се) кажуваат несв. ‖ глаг. им. кажување, мн. кажувања ср. По кажувањата на старите, тука имало манастир.