кичер
Значење на кичер:
1. (прен.) Снопче коса изделено од другата коса; перче. Златните кичери коса сè уште му се искраднуваат од под капата.
2. За плодови, растенија – собрани на едно место неколку од нив, китка 2. И кај нас есента е убава и доаѓа со кичер од плодови.
3. Височинка во облик на конус со мала шумичка. Кичерот над чешмичката.
Множина: кичери.
Оригинални податоци:
кичер, мн. кичери м. 1. (прен.) Снопче коса изделено од другата коса; перче. Златните кичери коса сè уште му се искраднуваат од под капата. 2. За плодови, растенија – собрани на едно место неколку од нив, китка 2. И кај нас есента е убава и доаѓа со кичер од плодови. 3. Височинка во облик на конус со мала шумичка. Кичерот над чешмичката.