килим

Именка, машки род

Значење на килим:

Вид дебела простирка, исткаена од волна или друг сличен материјал, за покривање под, ѕид и др.; тепих. Во секоја соба имаше по еден персиски килим. Ѕидовите не се гледаа, по нив беа закачени килими.

Множина: килими.

Изведени зборови:

  • килимче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

килим, мн. килими м. Вид дебела простирка, исткаена од волна или друг сличен материјал, за покривање под, ѕид и др.; тепих. Во секоја соба имаше по еден персиски килим. Ѕидовите не се гледаа, по нив беа закачени килими. ‖ килимче, мн. килимчиња ср. дем.