кима

Глагол, несвршен

Значење на кима:

1. Со движење на главата изразува согласување или незадоволство, загриженост и сл.; поздравува со такво движење на главата. Тој ги одобруваше неговите зборови кимајќи со главата. А господинот при поздрав само учтиво кимаше со главата.

2. Намигнува. Тој ми кима со окото секогаш кога ќе ме сретне.

Коњугација: кимаат.

Изведени зборови:

  • кимање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

кима, кимаат несв. 1. Со движење на главата изразува согласување или незадоволство, загриженост и сл.; поздравува со такво движење на главата. Тој ги одобруваше неговите зборови кимајќи со главата. А господинот при поздрав само учтиво кимаше со главата. 2. Намигнува. Тој ми кима со окото секогаш кога ќе ме сретне. ‖ глаг. им. кимање ср.