кине
Значење на кине:
1. а) Со нагли движења прави нешто да биде во парчиња; разделува, раскинува. Таа ги кине писмата и ги пали едно по едно. Трњето му ги кинеа панталоните и кошулата. б) Прекинува на едно место или на повеќе места нешто што е поврзано, цело. Селаните кршеа огради низ лозјата, кинеа тељови, уриваа ѕидови.
2. За растенија, цвеќе – одделува плод, лист и сл. од растение со нагло движење, бере. Не кинам јаболка, не собирам оскоруши, не им правам штета во овоштарникот.
3. (прен.) Нанесува некому голема физичка или психичка болка, мачи. Мислата дека ќе се раздели од него ѝ го кинеше срцето. Навредата беше тешка и ја кинеше неговата неспокојна душа.
Коњугација: кинаа , кинав , кинал , кинат, кинат , кинеа , кинев , кинејќи , кинел , кинет , кинете , кини .
Изведени зборови:
- кинење, глаг. им. ср.
- се ~ кине, 1. а) Се раскинува на парчиња. Џебовите се полни камења и се кинат под товарот. Од многу играње фудбал се кинат патиките. б) Се прекинува, губи континуитет. Нишките на разбојот се кинеа една по една. Конецот се заплеткуваше и често се кинеше. 2. (прен.) а) Трпи голема физичка или психичка болка, мака, тага; се мачи. Душава ми се кинеше кога го гледав тажен. Срцето ѝ се кинеше по него. б) Се вознемирува, се грижи, се нервира. Не чини да се кинеш синко, за болеста не чини. 3. (прен., разг.) Премногу се труди околу некого или нешто, премногу работи. Секој ден се кинам од работа, а никој не ми верува.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се кине од плач – силно, премногу плаче. Се кине од смеа – силно, бучно се смее. Кај што е тенко, таму се кине. (посл.)
Оригинални податоци:
кине, кинат; кини, кинете; кинев, кинеа; кинел; кинет; кинејќи; кинав, кинаа; кинал, кинат несв. 1. а) Со нагли движења прави нешто да биде во парчиња; разделува, раскинува. Таа ги кине писмата и ги пали едно по едно. Трњето му ги кинеа панталоните и кошулата. б) Прекинува на едно место или на повеќе места нешто што е поврзано, цело. Селаните кршеа огради низ лозјата, кинеа тељови, уриваа ѕидови. 2. За растенија, цвеќе – одделува плод, лист и сл. од растение со нагло движење, бере. Не кинам јаболка, не собирам оскоруши, не им правам штета во овоштарникот. 3. (прен.) Нанесува некому голема физичка или психичка болка, мачи. Мислата дека ќе се раздели од него ѝ го кинеше срцето. Навредата беше тешка и ја кинеше неговата неспокојна душа. ● се ~ 1. а) Се раскинува на парчиња. Џебовите се полни камења и се кинат под товарот. Од многу играње фудбал се кинат патиките. б) Се прекинува, губи континуитет. Нишките на разбојот се кинеа една по една. Конецот се заплеткуваше и често се кинеше. 2. (прен.) а) Трпи голема физичка или психичка болка, мака, тага; се мачи. Душава ми се кинеше кога го гледав тажен. Срцето ѝ се кинеше по него. б) Се вознемирува, се грижи, се нервира. Не чини да се кинеш синко, за болеста не чини. 3. (прен., разг.) Премногу се труди околу некого или нешто, премногу работи. Секој ден се кинам од работа, а никој не ми верува. ◊ Се кине од плач – силно, премногу плаче. Се кине од смеа – силно, бучно се смее. Кај што е тенко, таму се кине. (посл.) ‖ глаг. им. кинење ср.