кисел
Значење на кисел:
1. а) Што има вкус на лимон, оцет и сл. Кисело овошје. Кисели сливи. б) Што по вештачки пат (ферментација, конзервирање, киселење) добил таков вкус. Кисела зелка. Кисело вино. Кисели краставици. Кисело млеко. в) Што има остар, непријатен мирис. Киселата миризба од комињето се чувствува на улицата. Ме заплиснуваше кисел здив од вино.
2. (прен.) Што е во лошо расположение, нерасположен, невесел. Беше висок, слаб човек со кисела нарав. Кисела насмевка. Кисела гримаса.
3. (хем.) а) За минерална вода – што содржи јаглеродна киселина. Кисела вода. б) За почва, карпи – што содржи неврзани силициумови киселини. Според изразената киселост постојат кисели, неутрални и алкални почви.
Членувана форма: киселиот.
Изведени зборови:
- кисело, прил. Тажно, нерасположено. Се насмевна некако кисело. Кисело го погледна.
Оригинални податоци:
кисел, киселиот прид. 1. а) Што има вкус на лимон, оцет и сл. Кисело овошје. Кисели сливи. б) Што по вештачки пат (ферментација, конзервирање, киселење) добил таков вкус. Кисела зелка. Кисело вино. Кисели краставици. Кисело млеко. в) Што има остар, непријатен мирис. Киселата миризба од комињето се чувствува на улицата. Ме заплиснуваше кисел здив од вино. 2. (прен.) Што е во лошо расположение, нерасположен, невесел. Беше висок, слаб човек со кисела нарав. Кисела насмевка. Кисела гримаса. 3. (хем.) а) За минерална вода – што содржи јаглеродна киселина. Кисела вода. б) За почва, карпи – што содржи неврзани силициумови киселини. Според изразената киселост постојат кисели, неутрални и алкални почви. ‖ кисело прил. Тажно, нерасположено. Се насмевна некако кисело. Кисело го погледна.