киселина
Значење на киселина:
1. Хемиско соединение на водород што при заемно дејство со основи, бази образува соли. Азотна киселина. Борна киселина. Винска киселина. Солна киселина.
2. Тоа што има кисел вкус или мирис. Во устата чувствуваше млака киселина од јаболката што ги јадеше секој ден. Во воздухот се чувствуваше некоја задушлива мемла и киселина.
3. Воден раствор на оцетна киселина; оцет. Јадеше печени пиперки со киселина. Стави малку киселина во салатата.
Множина: киселини.
Изведени зборови:
- киселинка, и. ж. дем. од киселина 3.
Фразеолошки израз / поговорка:
Киселини во стомакот – зголемување на солната киселина во стомакот.
Оригинални податоци:
киселина, мн. киселини ж. 1. Хемиско соединение на водород што при заемно дејство со основи, бази образува соли. Азотна киселина. Борна киселина. Винска киселина. Солна киселина. 2. Тоа што има кисел вкус или мирис. Во устата чувствуваше млака киселина од јаболката што ги јадеше секој ден. Во воздухот се чувствуваше некоја задушлива мемла и киселина. 3. Воден раствор на оцетна киселина; оцет. Јадеше печени пиперки со киселина. Стави малку киселина во салатата. ◊ Киселини во стомакот – зголемување на солната киселина во стомакот. ‖ киселинка, мн. киселинки ж. дем. од киселина 3.