кисне 2

Глагол, несвршен

Значење на кисне:

1. Натопува нешто во течност подолго време. Ги киснеше крпите во водата и му ги ставаше на челото. Алиштата киснеа во млака вода.

2. Изложен е на дожд и сл., станува мокар. Во дворот на дождот киснеше масата за пинг-понг.

3. (прен., разг.) Престојува некаде подолго време без работа, безделничи. Овие наши калфи по цел ден кај тебе киснат, наместо работа да гледаат на дуќан. Тој се зачуди колку многу народ киснеше по крчмите.

Коњугација: киснаа , киснав , киснал , киснат, киснат , киснеа , киснев , киснејќи , киснел , киснет , киснете , кисни .

Изведени зборови:

  • киснење, глаг. им. ср.
  • се ~ кисне, Стои подолго време во вода. Сноповите врбови прачки се киснеа во јазот. По цел ден во вода се киснам.

Оригинални податоци:

кисне2, киснат; кисни, киснете; киснев, киснеа; киснел; киснет; киснејќи; киснав, киснаа; киснал; киснат несв. 1. Натопува нешто во течност подолго време. Ги киснеше крпите во водата и му ги ставаше на челото. Алиштата киснеа во млака вода. 2. Изложен е на дожд и сл., станува мокар. Во дворот на дождот киснеше масата за пинг-понг. 3. (прен., разг.) Престојува некаде подолго време без работа, безделничи. Овие наши калфи по цел ден кај тебе киснат, наместо работа да гледаат на дуќан. Тој се зачуди колку многу народ киснеше по крчмите. ● се ~ Стои подолго време во вода. Сноповите врбови прачки се киснеа во јазот. По цел ден во вода се киснам. ‖ глаг. им. киснење ср.