кити

Глагол, несвршен

Значење на кити:

1. Украсува, дотерува некого или нешто. Друшките ја китеа невестата со алтани. Секоја година децата ја китеа новогодишната елка.

2. Прави китка, врзува во китка. Липата ја китиме и ја врзуваме, китките да се сушат.

3. (прен.) Употребува избрани зборови во говорот, пишувањето и сл. Началникот ја китеше својата реч со маса различни зборчиња.

Коњугација: китат.

Изведени зборови:

  • китење, глаг. им. ср.
  • се ~ кити, Става на себе накит, ускраси и сл., се дотерува, се гизди. Жената се китеше со златен накит. Ние си ги китиме косите со расцутените цутови од кајсиите.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се кити со туѓо перја – присвојува туѓи заслуги.

Оригинални податоци:

кити, китат несв. 1. Украсува, дотерува некого или нешто. Друшките ја китеа невестата со алтани. Секоја година децата ја китеа новогодишната елка. 2. Прави китка, врзува во китка. Липата ја китиме и ја врзуваме, китките да се сушат. 3. (прен.) Употребува избрани зборови во говорот, пишувањето и сл. Началникот ја китеше својата реч со маса различни зборчиња. ● се ~ Става на себе накит, ускраси и сл., се дотерува, се гизди. Жената се китеше со златен накит. Ние си ги китиме косите со расцутените цутови од кајсиите. ◊ Се кити со туѓо перја – присвојува туѓи заслуги. ‖ глаг. им. китење ср.