китка
Значење на китка:
1. Неколку стракови цвеќе заедно; букет. Секој ден се враќаше од полето со китки мирисни синолички.
2. Сноп од растенија, зачини и сл. врзани заедно. Китка магдонос. Китка праз. Китка планински чај.
3. Сноп од гајтани, памучни, волнени, свилени и сл. конци врзани на едниот крај што служат како украс на капа, марама, облека и др. Носеше фес со китка. Нивните коњи беа украсени со китки по уздите.
4. Дел од раката од основата на прстите до зглобот или самиот зглоб. На долгите прсти блескаа златни прстени, а на китките исти такви гривни. Грубо ѝ ја свитка китката од раката.
5. (геогр.) Шумичка во поле, осамени дрвја на возвишение; место што личи на китка.
6. (прен.) Збирка од песни или стихотворби. Китка македонски народни песни.
7. (дијал.) Цвет. Што убави китки си посадила.
Множина: китки.
Изведени зборови:
- китче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Модра китка – паразит што ги напаѓа растенијата, чума; Orobanche ramosa L.
Оригинални податоци:
китка, мн. китки ж. 1. Неколку стракови цвеќе заедно; букет. Секој ден се враќаше од полето со китки мирисни синолички. 2. Сноп од растенија, зачини и сл. врзани заедно. Китка магдонос. Китка праз. Китка планински чај. 3. Сноп од гајтани, памучни, волнени, свилени и сл. конци врзани на едниот крај што служат како украс на капа, марама, облека и др. Носеше фес со китка. Нивните коњи беа украсени со китки по уздите. 4. Дел од раката од основата на прстите до зглобот или самиот зглоб. На долгите прсти блескаа златни прстени, а на китките исти такви гривни. Грубо ѝ ја свитка китката од раката. 5. (геогр.) Шумичка во поле, осамени дрвја на возвишение; место што личи на китка. 6. (прен.) Збирка од песни или стихотворби. Китка македонски народни песни. 7. (дијал.) Цвет. Што убави китки си посадила. ◊ Модра китка – паразит што ги напаѓа растенијата, чума; Orobanche ramosa L. ‖ китче, мн. китчиња ср. дем.