ќар

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Само во еднина.

Значење на ќар:

Корист, добивка, печалба, заработка; Нема ќар од таа работа.

Членувана форма: ќарот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ни ќар ни зијан – ниту добил, ниту изгубил. Ќарот и зијанот се браќа – во работата може да се заработи и да се изгуби. Ќарот и зарот се браќа – во играта и се добива и се губи.

Оригинални податоци:

ќар, ќарот (само едн.) м. (разг.) Корист, добивка, печалба, заработка; спрот. зијан. Нема ќар од таа работа. ◊ Ни ќар ни зијан – ниту добил, ниту изгубил. Ќарот и зијанот се браќа – во работата може да се заработи и да се изгуби. Ќарот и зарот се браќа – во играта и се добива и се губи.