ќеф

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Значење на ќеф:

1. Желба, волја, барање. Направи му го ќефот. Не ми е по ќефот.

2. Добро расположение, радост, задоволство. Не ми го расипувај ќефот. Игравме така, за ќеф.

Множина: ќефови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Гледај си го ќефот – не обрнувај внимание на тоа што се зборува или на тоа што се случува, гледај си ја својата работа. Си го гледа ќефот – ужива, не се оптоварува со ништо. Оди по ќефот некому – угодува некому. (Не) му се прави ќеф – (не) му причинува задоволство нешто.

Оригинални податоци:

ќеф, мн. ќефови м. (разг.) 1. Желба, волја, барање. Направи му го ќефот. Не ми е по ќефот. 2. Добро расположение, радост, задоволство. Не ми го расипувај ќефот. Игравме така, за ќеф. ◊ Гледај си го ќефот – не обрнувај внимание на тоа што се зборува или на тоа што се случува, гледај си ја својата работа. Си го гледа ќефот – ужива, не се оптоварува со ништо. Оди по ќефот некому – угодува некому. (Не) му се прави ќеф – (не) му причинува задоволство нешто.