ќемер
Значење на ќемер:
1. а) Кожен или платнен тесен појас со прегради за пари што се носи под облеката. Го одврза ќемерот и ги истури спечалените пари. Почна да го распашува појасот, а под него и ќемерот со парите. б) Тесен женски украсен појас.
2. Свод, обично на мост.
Множина: ќемери.
Изведени зборови:
- ќемерче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
ќемер, мн. ќемери м. 1. а) Кожен или платнен тесен појас со прегради за пари што се носи под облеката. Го одврза ќемерот и ги истури спечалените пари. Почна да го распашува појасот, а под него и ќемерот со парите. б) Тесен женски украсен појас. 2. Свод, обично на мост. ‖ ќемерче, мн. ќемерчиња ср. дем.