ќепенок

Именка, машки род

Значење на ќепенок:

Горен или долен дрвен капак на врата, прозорец, излог од дуќан, од кои долниот капак дење служел како тезга или на него седеле трговецот или купувачите. Секоја вечер ги спушташе ќепенците на дуќанот. Мали продавници со целата стока извадена пред ќепенците. На ќепенците седеа дуќанџиите или нивните муштерии, пушејќи или пазарејќи.

Множина: ќепенци.

Изведени зборови:

  • ќепенче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

ќепенок, мн. ќепенци м. Горен или долен дрвен капак на врата, прозорец, излог од дуќан, од кои долниот капак дење служел како тезга или на него седеле трговецот или купувачите. Секоја вечер ги спушташе ќепенците на дуќанот. Мали продавници со целата стока извадена пред ќепенците. На ќепенците седеа дуќанџиите или нивните муштерии, пушејќи или пазарејќи. ‖ ќепенче, мн. ќепенчиња ср. дем.