ќерка
Значење на ќерка:
1. Женско дете во однос на своите родители.
2. При обраќање на постаро лице кон помлада жена или девојка.
Множина: ќерки.
Изведени зборови:
- ќеркиче, и. ж. мн. ќеркичиња ср.; ќеркичка, мн. ќеркички дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ти зборувам (чуј ме) ќерко, сети се снао – кога сакаме да избегнеме директно обраќање кон некого и упатуваме зборови кон некој друг, со цел тој што треба индиректно да ја прими пораката.
Оригинални податоци:
ќерка, мн. ќерки ж. 1. Женско дете во однос на своите родители. 2. При обраќање на постаро лице кон помлада жена или девојка. ◊ Ти зборувам (чуј ме) ќерко, сети се снао – кога сакаме да избегнеме директно обраќање кон некого и упатуваме зборови кон некој друг, со цел тој што треба индиректно да ја прими пораката. ‖ ќеркиче, мн. ќеркичиња ср.; ќеркичка, мн. ќеркички ж. дем.