ќесе
Значење на ќесе:
1. Торбичка изработена од најлон, платно, хартија и сл. Најлонско ќесе. Зема едно јаболко од ќесето. Ќесе тутун.
2. Паричник. Не му остана ниту пара во ќесето.
3. Тоа што има форма на ќесе (во телото или на телото). Под очите имаше темни ќесиња од неспиење.
4. Крпа за триење при капење.
Множина: ќесиња.
Изведени зборови:
- ќесенце, и. ср. мн. ќесенциња ; ќесичка, мн. ќесички дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Одврза (одврзува) ќесе – даде (дава) пари. Не посегај му во ќесето – не гибај во нечии интереси. Не ми влегува в ќесе – немам интерес од нешто, ништо не добивам.
Оригинални податоци:
ќесе, мн. ќесиња ср. 1. Торбичка изработена од најлон, платно, хартија и сл. Најлонско ќесе. Зема едно јаболко од ќесето. Ќесе тутун. 2. Паричник. Не му остана ниту пара во ќесето. 3. Тоа што има форма на ќесе (во телото или на телото). Под очите имаше темни ќесиња од неспиење. 4. Крпа за триење при капење. ◊ Одврза (одврзува) ќесе – даде (дава) пари. Не посегај му во ќесето – не гибај во нечии интереси. Не ми влегува в ќесе – немам интерес од нешто, ништо не добивам. ‖ ќесенце, мн. ќесенциња ср.; ќесичка, мн. ќесички ср. дем.