ќор
Значење на ќор:
1. а) Што не гледа добро на едното око, што слабо гледа. б) Што е лишен од сетилото за вид; слеп.
2. (прен.) Што е невешт, збунет.
Членувана форма: ќориот.
Фразеолошки израз / поговорка:
И ќоро и сакато – сите, и способни и неспособни. Ќор ќутук. Ќор пијан – многу пијан.
Оригинални податоци:
ќор, ќориот прид. 1. а) Што не гледа добро на едното око, што слабо гледа. б) Што е лишен од сетилото за вид; слеп. 2. (прен.) Што е невешт, збунет. ◊ И ќоро и сакато – сите, и способни и неспособни. Ќор ќутук. Ќор пијан – многу пијан.