ќостек

Именка, машки род

Архаизам.

Значење на ќостек:

1. Синџирче за часовник. Имаше голем часовник со сребрени капаци на срмен ќостек.

2. а) Накит од сребро со пет синџира и две алки поткитени со ѕунѕурки. б) Накит од шарени мониста како долга змија, украс за на оро. в) Специјален машки накит што се носи на рамењата и на градите.

Множина: ќостеци.

Оригинални податоци:

ќостек, мн. ќостеци м. (арх.) 1. Синџирче за часовник. Имаше голем часовник со сребрени капаци на срмен ќостек. 2. а) Накит од сребро со пет синџира и две алки поткитени со ѕунѕурки. б) Накит од шарени мониста како долга змија, украс за на оро. в) Специјален машки накит што се носи на рамењата и на градите.