ќотек

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Значење на ќотек:

Удирање, тепање за да се предизвика болка (обично како казна, како воспитна мерка и сл.). Добија ќотек ни криви ни должни.

Множина: ќотеци.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му удри ќотек – го натепа. Доби (јаде, изеде, окрка) (сто оки) ќотек – е истепан, натепан. Плаче за ќотек – прави нешто што не треба, што заслужува казна. Го здрви од ќотек – го претепа.

Оригинални податоци:

ќотек, мн. ќотеци м. (разг.) Удирање, тепање за да се предизвика болка (обично како казна, како воспитна мерка и сл.). Добија ќотек ни криви ни должни. ◊ Му удри ќотек – го натепа. Доби (јаде, изеде, окрка) (сто оки) ќотек – е истепан, натепан. Плаче за ќотек – прави нешто што не треба, што заслужува казна. Го здрви од ќотек – го претепа.