ќутук
Значење на ќутук:
1. Пресечено суво дебело дрво, пенушка, трупец. Најде ќутук дрво и нацепи цел заграб.
2. (прен.) Глупав, недоделкан човек. Сè ќутуци околу мене, глупи, глупави!
Множина: ќутуци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ќор ќутук – сп. ќор. Ќутук пијан – многу пијан.
Оригинални податоци:
ќутук, мн. ќутуци м. 1. Пресечено суво дебело дрво, пенушка, трупец. Најде ќутук дрво и нацепи цел заграб. 2. (прен.) Глупав, недоделкан човек. Сè ќутуци околу мене, глупи, глупави! ◊ Ќор ќутук – сп. ќор. Ќутук пијан – многу пијан.