клања
Значење на клања:
Кај муслиманите – прави молитва. Тој ја клањал икиндијата кога влегле тие во одајата.Коњугација: клањаат.
Изведени зборови:
- клањање, глаг. им. ср.
- се ~ клања, 1. Се моли (во религиозна смисла). Дервишите се клањаа секоја вечер во теќето. 2. Се поклонува на некого, пред некого (во знак на поздрав, почит и сл.). Виткајќи половина пред неа, зафати да се клања. На кнезот му се клањаа и старите и младите. 3. (прен.) Искажува понизност, сервилност некому. Тој беше научен да се клања, а не да му се клањаат.
Оригинални податоци:
клања, клањаат несв. Кај муслиманите – прави молитва. Тој ја клањал икиндијата кога влегле тие во одајата. ● се ~ 1. Се моли (во религиозна смисла). Дервишите се клањаа секоја вечер во теќето. 2. Се поклонува на некого, пред некого (во знак на поздрав, почит и сл.). Виткајќи половина пред неа, зафати да се клања. На кнезот му се клањаа и старите и младите. 3. (прен.) Искажува понизност, сервилност некому. Тој беше научен да се клања, а не да му се клањаат. ‖ глаг. им. клањање ср.