клас 1
Значење на клас:
1. Најгорниот дел од житни растенија каде што се образува семето; целиот страк заедно со тој дел. Житен клас. Ветерот поддувнуваше, класјето се нишаа и се брануваа како морски бранови. Жени и старци ги собираа класјето.
2. Кочан од пченка со зрната. Со недосронет клас пченка го затекна среде работа.
Множина: класа, класје, класови.
Изведени зборови:
- клавче, и. ср. мн. клавчиња ; класче, мн. класчиња дем. и хип.
Оригинални податоци:
клас1, мн. класови, зб. мн. класје, избр. мн. класа м. 1. Најгорниот дел од житни растенија каде што се образува семето; целиот страк заедно со тој дел. Житен клас. Ветерот поддувнуваше, класјето се нишаа и се брануваа како морски бранови. Жени и старци ги собираа класјето. 2. Кочан од пченка со зрната. Со недосронет клас пченка го затекна среде работа. ‖ клавче, мн. клавчиња ср.; класче, мн. класчиња ср. дем. и хип.