клас 2
Значење на клас:
1. Степен на школување во средно училиште во траење од една година; едногодишна наставна програма. Тој тргна во први клас гимназија. Тој го повторуваше класот.
2. Група ученици што заедно посетуваат таква настава. Целата гимназија по класови е построена во дворот. Пред четири години бев со класот на море.
3. Училница во средно училиште. Тогаш бевте добри пријатели, седевте во една клупа во класот.
Множина: класа, класови.
Оригинални податоци:
клас2, мн. класови, избр. мн. класа м. 1. Степен на школување во средно училиште во траење од една година; едногодишна наставна програма. Тој тргна во први клас гимназија. Тој го повторуваше класот. 2. Група ученици што заедно посетуваат таква настава. Целата гимназија по класови е построена во дворот. Пред четири години бев со класот на море. 3. Училница во средно училиште. Тогаш бевте добри пријатели, седевте во една клупа во класот.