класа

Именка, женски род

Значење на класа:

1. Слој луѓе што имаат иста положба во системот на општественото производство и исти економски интереси. Општествена класа. Работничка класа. Феудална класа. Граѓанска класа. Владејачка класа. Градот е убав за богатите, а прифатлив за средната класа.

2. а) Поими, предмети, појави и сл. коишто според својата структура или по некоја своја особина претставуваат посебен вид, посебна група. Семантичкиот критериум е важен само за поделбата на две класи на именки обележани како „живо" и „неживо". б) Единица во класификација на растенија и животни (потесна од коло или тип, а поширока од ред). Класата инсекти се дели на редови.

3. а) Одреден степен на вредност, квалитет; категорија. Тие произведуваат тутун од прва класа. б) Степен на напредување во службата. Најмногу новини сепак доживуваат оние чиновници од најдолните класи. в) Како дел од називи за одделни чинови во војска за определување на старешинскиот степен. На железничката станица тие го испраќаа капетанот од прва класа.

4. Поделба на местата за патници во некои превозни средства, во зависност од удобноста, комфорноста што ја нудат. Тој секогаш патува со прва класа. Туристичка класа.

5. Генерација на ученици од исто училиште; група воени обврзници што служат војска во ист период. Оваа година излезе првата класа на воени питомци. Тој замина во војска со јануарската класа.

6. Група ученици или студенти, што се школуваат кај еден предавач, професор по уметност (глума, музика, сликарство и сл.). Тој се школуваше во класата на најстариот професор.

Множина: класи.

Оригинални податоци:

класа, мн. класи ж. 1. Слој луѓе што имаат иста положба во системот на општественото производство и исти економски интереси. Општествена класа. Работничка класа. Феудална класа. Граѓанска класа. Владејачка класа. Градот е убав за богатите, а прифатлив за средната класа. 2. а) Поими, предмети, појави и сл. коишто според својата структура или по некоја своја особина претставуваат посебен вид, посебна група. Семантичкиот критериум е важен само за поделбата на две класи на именки обележани како „живо" и „неживо". б) Единица во класификација на растенија и животни (потесна од коло или тип, а поширока од ред). Класата инсекти се дели на редови. 3. а) Одреден степен на вредност, квалитет; категорија. Тие произведуваат тутун од прва класа. б) Степен на напредување во службата. Најмногу новини сепак доживуваат оние чиновници од најдолните класи. в) Како дел од називи за одделни чинови во војска за определување на старешинскиот степен. На железничката станица тие го испраќаа капетанот од прва класа. 4. Поделба на местата за патници во некои превозни средства, во зависност од удобноста, комфорноста што ја нудат. Тој секогаш патува со прва класа. Туристичка класа. 5. Генерација на ученици од исто училиште; група воени обврзници што служат војска во ист период. Оваа година излезе првата класа на воени питомци. Тој замина во војска со јануарската класа. 6. Група ученици или студенти, што се школуваат кај еден предавач, професор по уметност (глума, музика, сликарство и сл.). Тој се школуваше во класата на најстариот професор.