клати
Значење на клати:
Движи ритмички ваму-таму, ниша, лула. Го доближува уште повеќе пагурчето, го клати во раката и отпива малку од него. Коњчето тргна, клатејќи го јавачот на својот грб.Коњугација: клатат.
Изведени зборови:
- клатење, глаг. им. ср.
- се ~ клати, 1. Се движи ваму-таму, се ниша, се лула. Пред влезната врата се клатеше фенер. Заболекарот му го извади забот што се клатеше. 2. Се движи нишајќи се, се гега; се движи бавно, се влече. Старецот полека се клатеше по патот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Клати нозе – ништо не работи, безделничи.
Оригинални податоци:
клати, клатат несв. Движи ритмички ваму-таму, ниша, лула. Го доближува уште повеќе пагурчето, го клати во раката и отпива малку од него. Коњчето тргна, клатејќи го јавачот на својот грб. ● се ~ 1. Се движи ваму-таму, се ниша, се лула. Пред влезната врата се клатеше фенер. Заболекарот му го извади забот што се клатеше. 2. Се движи нишајќи се, се гега; се движи бавно, се влече. Старецот полека се клатеше по патот. ◊ Клати нозе – ништо не работи, безделничи. ‖ глаг. им. клатење ср.