клекне
Значење на клекне:
1. а) Се спушти на колена, падне на колена. Тој клекна и почна да се моли. б) Го спушти телото виткајќи ги колената без да седне. Почна по тактот на гајдата да прави некакви скокови клекни – стани. в) (прен.) Се потчини, се покори некому. Беше подготвена да клекне пред чуварот и да измоли за неговата чест. Ќе донесам јас овде баталјон, па да клекнете на коленици!
2. (прен.) а) Физички ослабне, изнемошти. Тој веќе остаре, клекна под товарот на годините. б) Ослабне воопшто, попушти. Мојата колиба клекна од едната страна. Тоа може да се случи само како татнеж на земјата, од кој ќе клекнат куќите.
Коњугација: (ќе) клекнеа , (ќе) клекнев , (ќе) клекнел, клекнаа , клекнав , клекнал , клекнат , клекнат , клекнете , клекни .
Изведени зборови:
- клекнува, глаг. несв. клекнуваат
- клекнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
клекне, клекнат; клекни, клекнете; клекнав, клекнаа; клекнал; клекнат; (ќе) клекнев, (ќе) клекнеа; (ќе) клекнел св. 1. а) Се спушти на колена, падне на колена. Тој клекна и почна да се моли. б) Го спушти телото виткајќи ги колената без да седне. Почна по тактот на гајдата да прави некакви скокови клекни – стани. в) (прен.) Се потчини, се покори некому. Беше подготвена да клекне пред чуварот и да измоли за неговата чест. Ќе донесам јас овде баталјон, па да клекнете на коленици! 2. (прен.) а) Физички ослабне, изнемошти. Тој веќе остаре, клекна под товарот на годините. б) Ослабне воопшто, попушти. Мојата колиба клекна од едната страна. Тоа може да се случи само како татнеж на земјата, од кој ќе клекнат куќите. ‖ клекнува, клекнуваат несв. ‖ глаг. им. клекнување ср.