клепа 1
Значење на клепа:
1. а) Удира, чука на клепало. б) Чука воопшто. На портата клепаат двајца питачи со спружени раце.
2. Остри со чукање (коса, секира и сл.). Фати да ја клепа косата.
3. Делка камен; вреже во камен. Сега неопределениот шум се распозна: клепаа каменоресците.
4. Остри со чукање воденички камен.
5. (прен.) Многу зборува, дрдори, ломоти. Жените цел ден клепаа во дворот.
6. (пејор.) Пишува невешто, прави стихови без инспирација. Тој цели две недели ги клепаше стиховите.
7. (прен.) Клевети.
Коњугација: клепаат.
Изведени зборови:
- клепање1, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
клепа1, клепаат несв. 1. а) Удира, чука на клепало. б) Чука воопшто. На портата клепаат двајца питачи со спружени раце. 2. Остри со чукање (коса, секира и сл.). Фати да ја клепа косата. 3. Делка камен; вреже во камен. Сега неопределениот шум се распозна: клепаа каменоресците. 4. Остри со чукање воденички камен. 5. (прен.) Многу зборува, дрдори, ломоти. Жените цел ден клепаа во дворот. 6. (пејор.) Пишува невешто, прави стихови без инспирација. Тој цели две недели ги клепаше стиховите. 7. (прен.) Клевети. ‖ глаг. им. клепање1 ср.